Hyundai најавува екстремен, спортски RN30 концепт за Париз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai најавува екстремен, спортски RN30 концепт за Париз!

Покрај новиот i30 и освежениот i10, корејскиот производител во Париз ќе донесе и нов, екстремен концепт со кој ќе го најави серискиот i30 N!

Можеби највозбудливиот дел од изложените автомобили на Hyundai ќе биде токму  она што го гледаме на оваа скица – концептот се вика Hyundai N Concept RN30. Концептот (кој ние скратено ќе го викаме само RN30) го најавува серискиот i30 N. Всушност – и од оваа матна фотографија се гледа дека концептот е базиран на i30 N, но е значително поблиску до подлогата, и со „исфрлени“ крила.

Корејскиот производител веќе некое време најавува дека сака да стане сериозен конкурент на докажаните германски производители во „хот хеч“ сегментот – а по ова што го гледаме – изгледа како да се подготвени!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.