Иџе стигна до седмото место на првата патека од ETCC шампионатот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Иџе стигна до седмото место на првата патека од ETCC шампионатот

Поради проблеми со возилото, Игор Стефановски Иџе имаше не толку успешно деби на патеката Paul Ricard од ETCC, но сепак успеа да ги освои првите бодови во оваа силна конкуренција.

Најпрво на квалификациите, иако му се насмевнуваше третото место, беше удрен од возач од пониската класа при што претрпи оштетувања на амортизерот и ја зазема деветтата стартна позиција. Стефановски, уште на самиот почеток од првата трка повторно имаше судир со друго возило, што го отежни управувањето на неговото возило, па Македонецот го освои само единаесеттото место.

idze-francija3

Неговото учество во втората трка беше дури и неизвесно, но механичарите завршија одлична работа оспособувајќи му го возилото. Македонскиот автомобилист стартувајќи од 11-та позиција успеа да го освои 7-то место, што му ги донесе и првите два бода во ЕТЦЦ шампионатот.

during the 2016 FIA WTCC World Touring Car Championship race of Paul Ricard, Le Castellet, France from April 1 to 3 - Photo Vincent Curutchet / DPPI.

during the 2016 FIA WTCC World Touring Car Championship race of Paul Ricard, Le Castellet, France from April 1 to 3 – Photo Vincent Curutchet / DPPI.

Победник на трката беше Чехот Петр Фулин, пред Петер Рикли од Швајцарија и Норберт Наѓ од Унгарија. Следната трка е по 2 недели на патеката Slovakia Ring каде што Иџе тестираше пред да започне сезоната и се надеваме дека ќе оствари подобар резултат.

idze-francija2

„Лично, сум разочаран од малерозниот викенд, не успеав да покажам се што знам и мислам дека можам да сум далеку подобар од постигнатиот резултат во Франција. Луѓето од тимот се задоволни од постигнатите времиња во текот на целиот викенд со оглед на условите што ги имав и пеховите што ми се случија. Се надевам дека за две недели на следната трка во Словачка ќе имаме повеќе среќа и ќе постигнеме подобар резултат.“ – изјави Иџе.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.