full screen background image
Search

Bentley го претстави обновениот Mulsanne!

Британскиот бренд го разоткри нивниот освежен врвен модел пред официјалното дебитирање на автомобилскиот саем во Женева, со претставување на три различни изведби од Mulsanne фамилијата.

Најнова од сите е изведбата со продолжено меѓуоскино растојание, која нуди 250 mm повеќе простор за нозете во задниот дел од кабината, потпирачи за нозете како во авион и заден сончев кров за максимално задоволство на аристократските патници кои неизбежно ќе се возат во Bentley.

Mulsanne Speed останува ракетниот крузер во гамата, бидејќи со своите 530 коњски сили – и уште поважно,  1,100 Nm вртежен момент – ќе го направи секое патување што е можно пократко и повозбудливо. Овој модел постигнува брзина од 100 км/ч за 4.9 секунди  и може да се пофали со комфорна максимална брзина од 309 км/ч.

Bentley го измени екстериерот на Mulsanne со додавање на комплетно редизајниран преден дел кој сега доаѓа со нов браник, предни крила, поклопец на моторот, светла и голема предна решетка. Измените на задниот дел се ограничени и опфаќаат само нова графика на задните светлосни групи.

Кабината сега вдомува редизајнирани седишта, нови тапацири на вратите и потпирачите за рака, рачка на менувачот направена од стакло и избор од 24 различни бои за кожниот тапацир. Bentley исто така инсталирале и нов инфотаинмент систем со екран на допир со сите најнови технологии.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.