full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Звуците на новата Pagani Huayra BC!

Ако „обичната“ Pagani Huayra не е доволно специјална, тука е новата Huayra BC – во Женева пристигнува нова верзија која е значително полесна и помоќна!

Премиерата на новата Pagani Huayra BC е закажана за Саемот на Автомобили во Женева – но веќе ги знаеме најважните детали, а сега имаме и видео од поегзотичната егзотика. Она што купувачите ќе го добијат е екстремен аеро пакет задолжен за подобрена аеродинамика, намалена тежина и зголемена моќност. Според она што веќе го знаеме, малку доработениот мотор кој влече потекло од AMG сега испорачува 790 коњски сили и 1100 Nm вртежен момент (наместо стандардните 730 коњски сили и 1000 Nm кај обичната Huayra), а автомобилот тежи значителни 132 килограми помалку.

Погледнете (и слушнете) како сето тоа изгледа и звучи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.