Германскиот бренд ќе претстави уште една изведба од новиот C-Class на автомобилскиот саем во Женева, а како најава за тоа објави официјална скица од моделот.
Овој модел ќе биде наследник на на кабриолет верзијата на CLK, по пауза од една генерација, бидејќи Mercedes-Benz не понуди директна замена за него со наредната генерација на C-Class. Новиот Cabrio ќе биде речиси идентичен со купе изведбата, секако со исклучок на мекиот кров на отварање. Ќе биде во понуда со истата палета на мотори како останатите членови на C-гамата, кои содржат четири, шест и осум-цилиндарски бензински и дизел агрегати.
На крајот на годинава, ќе пристигне и AMG верзија со 4.0-литарскиот V8 агрегат под поклопецот, кој произведува 503 кс и 700 Nm.