full screen background image
Search

Peugeot 205 GTi е најдобриот спортски хечбек на сите времиња!

Во бескрајното ривалство со оргиналниот Volkswagen Golf GTI, иконскиот Peugeot 205 GTi беше крунисан за “Најдобар спорстки хечбек на сите времиња на Performance Car Show.

Малата “џебна ракета” ја приграби наградата благодарение на глобално гласање кое ја прогласи за победник од 50 претходно одбрани фаворити од страна на автмобилските новинари од Autocar.uk – Мат Приор, Стив Кропли и Ричард Бремнер, како и Дан Трент од PistonHeads.

Најдобро пласираните десет финалисти се:
1.Peugeot 205 GTi 1.6
2.Lancia Delta HF Integrale
3.Ford Escort RS Cosworth
4.VW Golf GTi Mk1
5.Renault Clio Williams
6.Renault Clio 182 Trophy
7.VW Golf GTi Mk2
8.Renault 5 GT Turbo
9.Ford Focus RS Mk1
10.Talbot Lotus Sunbeam

Легендарното 205 GTi започна со производство во 1984 и беше произведено во 294,514 примероци во текот на десет години. Малиот Француски спортист се нудеше со две погонски единици: најпрво 1.6-литарски, а потоа од 1987 па натаму 1.9-литарски четири-цилиндарски агрегат кој испорачуваше 130 коњски сили и му помогна на брендот да се издигне на врвот во Hot Hatch класата во 80-тите.

Покрај неговата огромна популарност помеѓу ентузијастите, Peugeot 205 GTi се покажа многу успешно и во светот на трките, благодарение на изведбата 205 T16. Тркачкиот автомобил триумфираше на светскиот рели шампионат во 1985 и 1986, како и на Париз-Дакар во 1987 и 1988.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.