Концепт: Chevrolet FNR – Научна фантастика! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Концепт: Chevrolet FNR – Научна фантастика!

FNR е застрашувачки и футуристички концепт од Chevrolet кој ја наговестува иднината на само-управувачките автомобили!

Концептот кој изгледа како да е од некој друг свет има цел да биде модел преку кој Chevrolet ќе презентира интелигентно возило од иднината. Автомобилот може да биде целосно автономен и кога е во таков режим на работа, предните седишта можат да се завртат за 180 степени, за да можат патниците полесно да комуницираат. Има четири елеоктромотори кои индивидуално ги придвижуваат тркалата, а тука се и ласерските светла, радарот вграден во кровот кој внимава на други возила, стартување преку препознавање на рожницата на возачот, итн.

Не би се изненадиле ако Chevrolet FNR наскоро го видиме во некој научно-фантастичен филм, бидејќи изгледа како токму во некоја таква околина да припаѓа! Одличен и несекојдневен концепт на Chevrolet!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.