Porsche го претстави поекстремниот Boxster Spyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го претстави поекстремниот Boxster Spyder

Германскиот производител ќе го претстави полесниот и поекстремен Boxster Spyder на саемот на автомобили во Њу Јорк!

Наменет за оние кои го сакаат најчистот искуство во возењето под отворено небо, Boxster Spyder е полесен благодарение на поедноставниот кров и ќе се нуди исклучиво со одличниот 6-степен мануелен менувач на Porsche. Покрај новиот кров, дел од заштедената тежина се должи и на отстранетите мултимедијален уред и клима уред, но Porsche ќе ги вгради во вашиот автомобил доколку сакате, без дополнителен надоместок.

Под кожата се крие 3.8-литарски боксер мотор навиен на 375 коњски сили кој му овозможува на Boxster Spyder да забрза до 100 километри на час за само 4.5 секунди и да постигне максимална брзина од 290 километри на час. Повеќе од очигледни се деталите инспирирани од класичниот 718 Spyder, но и од модерниот 918 Spyder хиперавтомобил. Некои детали, како што се предниот и задниот браник, Porsche Boxster Spyder ги „позајмува“ од Cayman GT4, за да се добие целосен и навистина привлечен пакет!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.