full screen background image
Search

Lexus го претстави намуртениот LF-SA концепт во Женева!

Мал и агресивен – тоа се зборовите со кои можеме да го опишеме компактниот концепт кој Lexus го претстави во Женева!

Малиот LF-SA е дизајниран во Toyota Europe Design Development студиото во Ница и е екстремна и храбра интерпретација на L-finesse филозофијата на брендот. Концептот е долг 3450 милиметри, широк 1700 милиметри и висок 1430 милиметри, а сите детали се фокусирани кон возачот.

Футуристичкиот дизајн има кристален панел со инструменти, холограмски дисплеј како и heads-up дисплеј во централната конзола, а кон задните седишта се пристапува преку лизгачкото совозачко седиште. Агресивниот став и експерименталните линии сугерираат дека нема да видиме сериски модел базиран на овој концепт, но сепак е интересно да се види во која насока се движи Lexus, а неговото име што значи Lexus Future Small Adventurer сугерира дека моделот ќе влијае на некој иден сериски модел.

Јапонскиот луксузен бренд не објавува што го движи LF-SA, но сепак потврдија дека автомобилот има автоматизирани технологии – што и да значи тоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.