Hyundai најавува спортски дух со новиот i20 Coupe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai најавува спортски дух со новиот i20 Coupe!

Новиот Hyundai i20 треба наскоро да се појави на пазарот, а корејскиот производител денес ја претстави и поспортската изведба во форма на i20 Coupe со три врати!

i20 Coupe на Hyundai е втора верзија на моделот i20 – и иако тој модел беше најавен како комфорен автомобил наместо спортски, малата купе-изведба најавува спортски карактер кој се забележува преку поострите агли и интересните дизајнерски решенија за да се издвои кровот од остатокот од автомобилот.

Моторите остануваат исти, но i20 Coupe ќе добие и нов преден браник, нова маска на ладилникот и нов заден спојлер. Нови се и привлечните 17-инчни фелни, а подоцна во 2015 автомобилот ќе добие и 1-литарску турбо-бензински мотор. Сега за сега нема никаква најава за поекстремна верзија, но Hyundai веќе ја најави својата N-дивизија која ќе прави спортски варијанти од обичните модели на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.