full screen background image
Search

Џејмс Бонд го доби новото службено возило – претставен Aston Martin DB10

Новиот филм за популарниот таен агент ќе се вика SPECTRE, а господинот Бонд ќе има на располагање ексклузивен Aston Martin DB10!

Ексклузивниот автомобил беше претставен вчера за време на објавувањето на новиот, 24-ти филм за Џејмс Бонд. Филмот ќе го носи името SPECTRE (SPecial Executive for Counter-intelligence, Terrorism, Revenge and Extortion) и таа организација всушност е глобалната терористичка организација која се проткајуваше низ книгите на Иан Флеминг.

Сепак, нам ни е поважен автомобилот – и мораме да ги разочараме фановите на Aston Martin – DB10 ќе биде произведен само во 10 примероци и сите ќе бидат наменети за филмот. Од друга страна, официјалните изјави од Aston Martin сугерираат дека ова е навестување за дизајнерската насока во која би се движеле идните модели на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.