full screen background image
Search

Нова рунда тестови на EuroNCAP, пет ѕвездички за Lexus NX, Porsche Macan, VW Passat, Kia Sorento и Ford Mondeo!

Покрај овие автомобили, пет ѕвездички освоија и новите Land Rover Discovery Sport и Subaru Outback. По четири ѕвездички освоија Smart ForTwo, ForFour и новата Opel Corsa, а три ѕвездички освои Dacia Logan MCV.

Најновите тестови за безбедност кои ги изведе EuroNCAP донесоа интересни резултати. Најдобро поминаа новите Porsche Macan и Lexus NX, но некои од другите нови модели покажаа малку разочаруачки резултати. Најлошо помина Dacia Logan MCV караванот кој успеа да добие само три од пет ѕвездички. Според тестирањето, одделот за патници на Logan MCV „претрпе значително деформирање и очигледно не можел да издржи дополнително оптоварување.“

Четири ѕвездички освоија новата Opel Corsa, Smart ForTwo и ForFour, како и новиот Mini. Corsa беше пофалена за Blind Spot Alert системот кој го предупредува возачот доколку има автомобил во слепата точка.

Другите седум модели – Lexus NX, Porsche Macan, Volkswagen Passat, KIA Sorento, Ford Mondeo, Land Rover Discovery Sport  и Subaru Outback ги освоија максималните пет ѕвездички според новите тестни правила. EuroNCAP ги истакна Ford Mondeo, Porsche Macan и Land Rover Discovery Sport како особено успешни заради системот за автономно итно кочење кој е дел од стандардната опрема кај овие три автомобили.

euroncap-testing-01

euroncap-testing-02

euroncap-testing-03

euroncap-testing-04

euroncap-testing-05

euroncap-testing-06

euroncap-testing-07

euroncap-testing-08

euroncap-testing-09

euroncap-testing-10

euroncap-testing-11

euroncap-testing-12



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.