full screen background image
Search

Новиот Honda Civic Type R оди во Париз!

Honda продолжува да ги залажува своите фанови со најавувањето на Civic Type R – новиот концепт кој ќе се појави во Париз ветува „повеќе од 280 коњски сили“ и одлични перформанси!

Концептот кој Honda ќе го прикаже во Париз би требало да е многу блиску до серискиот модел кој ќе започне да се продава следната година. Според најавеното, новиот Civic Type R „е развиен за Европските возачки вкусови“ и ќе се произведува во фабриката на Honda во Свиндон, во Обединетото Кралство.

honda-civic-type-r-concept-side

Honda сè уште не ги потврдува перформансите на новиот 2-литарски турбо-полнет VTEC бензинец, но ветуваат „повеќе од 280 коњски сили“ со црвената линија поставена на 7000 вртежи во минута. Интересна е изјавата на Suehiro Hasshi, одговорниот за развивање на Civic Type R во Honda R&D – „Honda до сега имала четири Type R модели – Civic, Integra, Accord и NSX. Моторот во новиот Honda Civic Type R е без ривал кај сите овие автомобили кога станува збор за сила, вртежен момент и време на реагирање.“

honda-civic-type-r-concept-rear

Силата ќе се пренесува кон предните тркала преку шест-степен мануелен менувач со краток од, со цел да се максимизира ужувањето во возењето. Со оглед на одличните менувачи кои Honda ги вградува во своите автомобили, ние го поздравуваме овој чекор!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.