full screen background image
Search

ВИДЕО: Crash Test меѓу новиот Smart ForTwo и Mercedes-Benz S-Class!

Интересна битка – еден од најмалите автомобили против еден од најголемите автомобили. Погледнете како помина новиот Smart ForTwo на овој краш тест!

Луѓето од Daimler навистина сакаат да нè убедат дека малиот градски автомобил ги задоволува стандардите за безбедност. За да ни покажат колку е безбеден новиот ForTwo, тие направија краш-тест каде малиот Smart се соочи со големата S-Class на Mercedes-Benz!

Тестот беше изведен при брзина од 50 километри на час со 50% преклопување на зоната на ударот. Според тестот, малиот Smart обезбедил „заштитен простор за патниците и одлични шанси за преживување.“ Според Daimler, новиот Smart поминал низ истата програма за развој кога станува збор за безбедноста, како и новите C-Class и S-Class. Одличните резултати се постигнати благодарение на Tridion безбедносната ќелија, како и ултра-цврст челик, воздушните перници и безбедносните појаси.

Погледнете како изгледаше краш тестот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.