full screen background image
Search

Нови фотографии и видеа од Audi A3 Clubsport Quattro!

Wörthersee2014 е во полн ек – а Audi објави нови фотографии и видеа од монструозниот A3 Clubsport Quattro кој е повеќе од најава за следниот Audi RS3!

Според она што челниците на Audi го кажуваат, можеме да претпоставиме дека Clubsport Quattro е она што ќе го добиеме кога брендот ќе го претстави следниот RS3. Во ред, можеби нема да има 525 коњски сили за да не канибализира од продажбата на Audi RS4, па и RS5 и TTRS и R8, но Audi го претставува токму на Wörthersee за да добие фидбек од своите купувачи.

„Audi A3 Clubsport Quattro концептот им покажува на фановите на тјунингот на Wörthersee колку многу спортски потенцијал има во А3 фамилијата и нашите најмоќни мотори како што е 2.5-литарскиот TFSI,“ – изјави одговорниот за развој во Audi, Ulrich Hackenberg – „во секој поглед ги поместивме границите со овој концепт – моќ, динамика, звук, дизајн.“

Audi веќе ги објави спецификациите на A3 Clubsport Quattro – за моќта е задолжен 2.5-литарскиот TFSI кој испорачува 525 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, а моќта ја пренесува кон сите четири тркала преку 7-степениот S-Tronic менувач со двојна спојка и quattro погонот на сите четири тркала.

Сепак, она што денес е ново се новите фотографии, но и првите видеа од концептот на Audi – а еден од најинтересните детали е токму задниот спојлер, односно задната воздушна кочница, а на видеата можеме да видиме како тоа функционира. Според Audi, при брзина од 250 километри на час, водушната кочница го намалува патот на кочење за 12 метри. Да потсетиме дека концептот може да постигне 310 километри на час и 100 километри на час за само 3.6 секунди.

Поврзано:   ИНТЕРВЈУ: Д-р. Златко Муцунски, Порше Македонија - Што подобро ги запознаеме електричните возила, неизбежно е да ги засакаме. Останатото е лесно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.