Renault Captur и официјално прогласен за SUV на Годината за 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur и официјално прогласен за SUV на Годината за 2014

Вчеравечер на манифестацијата „Автомобил на Годината во Македонија“ и официјално признанието за SUV на Годината во Македонија му беше доделено на Renault Captur!

„Елегантен и отмен како одвнатре така и однадвор, автомобил со типичен карактер и гени препознатливи за Renault“ – изјави Симона Николовска, одговорна за односи со јавност и маркетинг во Аутомотив Груп.

captur

„Се работи за целосно нов модел што е ценета карактеристика и ги прати сите потреби на современиот потрошувач. Во него се вградени сите најнови технолошки решенија вклучувајќи ги и економичните мотори кои ги исполнуваат строгите Euro6 стандарди против загадување на околината. Она што е најважно е дека основниот модел нуди широк спектар на сериска опрема, а односот на цената и квалитетот се исклучително поволни.“ – изјавија од стручното жири.

captur-flag

Едногласната одлука на националното жири е уште една потврда за иновативниот спој на стилот и функционалноста на Captur кој веќе е препознатлив на јавноста по својот дизајн, удобност и опрема.

captur2

Својата титула како најдобар меѓу останатите автомобилски креации ја прослави со коктел забава за своите блиски соработници и пријатели кои уживаа и прославија во познат скопски локал.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.