Официјално доделена наградата за Автомобил на Годината на Skoda Octavia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално доделена наградата за Автомобил на Годината на Skoda Octavia!

Во пријатна атмофера во клубот Станица 26 му беше доделена наградата за Автомобил на Годината во Македонија за 2014 на овогодинешниот победник – новата Skoda Octavia!

Годинава за престижното признание се натпреваруваа Mercedes-Benz CLA, Mazda 3, Renault Captur, Suzuki SX4 S-Cross, Skoda Octavia, Mitsubishi SpaceStar, Peugeot 308, Peugeot 3008 и Skoda Octavia, а победата ја однесе токму Skoda Octavia. Националното жири составено од Агрон Сулејман (кој воедно е и претседател на жирито), Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац ги тестираше сите кандидати и едногласно одлучи Octavia да биде Автомобил на Годината во Македонија за 2014-та година.

stanica26

Ова е 19-ти пат како се доделува наградата, а Шкода Октавија по втор пат ја добива оваа престижна титула. „Анализиравме повеќе аспекти, како безбедност, комфорт, перфоманси, технички детаљи, моќност и перфоманси на моторите, потрошувачка на гориво, дизајн, еколошки стандарди, соодносот квалитет/цена, и токму Шкода Октавиа се најде на врвот. Иако конкуренцијата беше силна, немавме дилеми, оваа година Шкода Октавиа е автомобил на годината во Македонија” – изјавија од стручното жири.

awards2

Наградата ја подигнаа Г-дин Златко Муцунски, Генерален Директор на Порше Македонија и Г-дин Миле Станчев, бренд менаџер на Skoda за Република Македонија. Господинот Муцунски изјави дека е задоволен и среќен со изборот на Skoda Octavia, и дека е оправдан изборот на стручното жири.

awards1

„Октавија е срцето на брендот Шкода и во новата веќе трета генерација ги задржува добро препознатливите каракеристики на брендот – бескомпромисен квалитет, неспоредлива пространост, одлична удобност и легендарна издржливост. Овие карактеристики во новиот модел на Шкода Октавија се дополнително надградени со фасцинантниот и прецизен дизајн и низата на најнапредни технололошки решенија – да ги споменеме само екомоничните и моќни TSi и TDi мотори, автоматските 7 степени DSG менувачи, можноста за погон на сите тркала, врвната безбедност истакната преку 9 воздушни перничиња, детекторот за замор на возачот и адаптивниот темпомат со радар. Сите овие елементи зедно придонесуваат искуството на возење на новата Шкода Октавија да биде фасцинантно секој ден”, изјави Миле Станчев – бренд менаџер за Шкода.

Поврзано:  Skoda се поздравува со минатиот Superb со специјален примерок со скоро 500 коњски сили!

awards3

Атрактивна и економична, третата генерација на Октавија е најпопуларниот модел од брендот Шкода кој овозможува удобно, безбедно и практично патување. Таа нуди уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од импресивни 590 литри. Автомобилот може да се пофали со значително зголемена безбедност и 19 проценти помала потрошувачка на гориво, што претставува одлична заштеда, особено при долгите патувања.

Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни“ решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.