Нов 1.6-литарски Energy dCi агрегат со 160 коњски сили од Renault – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов 1.6-литарски Energy dCi агрегат со 160 коњски сили од Renault

Францускиот бренд додаде уште една погонска единица во својата гама – нов 1.6-литарски твин-турбодизел со 160 коњски сили и 380 Nm вртежен момент.

Досега со овие бројки можеа да се пофалат 2-литарските агрегати, но во споредба со нив, новиот Energy dCi 160 Twin Turbo e за околу 25 проценти поекономичен и попријателски настроен кон животната средина. Поради тоа, тој ќе биде достапен кај претстојните модели од D и E сегментите.

Користењето на твин-турбо систем овозможува подобрување на вртежниот момент при ниски и зголемување на силата на високи вртежи во минута. Системот користи два секвенцијални турбополначи. Првиот е турбополнач со ниска инерција, кој испорачува поголем вртежен момент така што 90 проценти од максималниот вртежен момент се достапни од 1,500 вртежи во минута. Вториот турбополнач има улога да нуди полинеарно забрзување и е активен при повисоките вртежи.

renault-dci-graph

Според Renault, oвој агрегат е развиен со имплементирање на знаењето добиено при развојот на 1.6-литарскиот Formula 1 агрегат. Триењето е намалено со користење на слој од дијамантски карбон на брегастата осовина, додека ладењето е подобрено со инсталирање на трансверзен систем за тек на водата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.