Skoda Octavia Greenline – 3.2 литри дизел на 100 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda Octavia Greenline – 3.2 литри дизел на 100 километри!

Чешкиот огранок на Volkswagen групацијата во Велика Британија ќе понуди Greenline верзија на Octavia, за која најавува екстремно ниска потрошувачка!

Опремена со 1.6-литарски Common-Rail турбодизел кој испорачува 110 коњски сили, Octavia Greenline е насочена кон економичноста. Според Skoda, Octavia Greenline ќе троши само 3.2 литри дизел на 100 километри и ќе има емисија на CO2 од само 85 грама на изминат километар.

За да се постигнат овие импресивни резултати, Octavia Greenline ќе биде опремена со специјални гуми со низок коефициент на отпор, лесни 16-инчни алуминиумски фелни (кои го носат името Velorum, што и да значи тоа), како и старт-стоп систем.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.