full screen background image
Search

Неколку интересни детали за Alfa Romeo 4C!

Од сите страни сме нападнати со информации за ултра-лесната 4C на Alfa Romeo, но ќе ви презентираме уште некои детали со кои сигурно ќе им здосадите на пријателите!

Alfa Romeo 4C е брза како Porsche Cayman S на Nürburgring!

Според одговорниот за проектот, Domenico Bagnasco, 4C го има извозено легендарниот „Зелен Пекол“ за 8:04.5, а може да очекуваме уште подобро време. Bagnasco тврди дека тоа е брзо како Cayman S (со керамички кочници, возен од Walter Rorhl), но челниците на Porsche тврдат дека нивното време е 7:55. Вие одлучете.

Непривлечните светла се таму за да заштедат пари.

Серискиот 4C изгледа малку различно од концептниот модел – а најзабележливиот детал се чудните светла кои изгледаат како колата да има очна инфекција. Според Sergio Marchionne, претседателот на Fiat, одлуката била негова и благодарение на неа се заштедени околу 4 милиони евра. „Обвинете ме мене ако не ви се допаѓаат“ – нема проблем Sergio! Доколку сакате, достапни се склопови за фаровите изработени од јаглеродни влакна, за околу 2000 евра. Со нив се заштедуваатуште 1.5 килограми.

Maserati го произведува 4C.

Наместо да го довери производството на карбонскиот супер-автомобил на истите луѓе кои ги произведуваат MiTo и Giuilietta, 4C се произведува рачно во истата фабрика во Модена каде се произведуваат Maserati Granturismo, GranCabrio и Quattroporte. Од моментот кога основата од карбонски влакна ќе го допре подот на фабриката, па се до првиот тест на автомобилот, потребни се три седмици да се произведе 4C.

alfa-romeo-4c-rear

Не морате да имате клима уред или радио.

Го сакате најлесниот 4C? Сите веќе долго зборуваат за тоа колку е лесен овој автомобил, но ако сакате уште повеќе да го олесните, можете без дополнителен трошок да ги извадите клима уредот, радиото и електричните ретровизори. Без радиото ќе заштедите околу 3 килограми, но според Bangasco доколку го извадите клима уредот ќе ја намалите тежината за дополнители 18 килограми! За уште поголема заштеда на тежина, дополнително се доплаќаат шините за совозачкото седиште.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави Stelvio Veloce Ti

4C има шасија изработена од јаглеродни влакна!

Не знаевте? Шасијата изработена од јаглеродни влакна тежи само 65 килограми (10 килограми помалку од онаа на McLaren MP4-12C) и иако Alfa Romeo е предводник во техники за масовно производство на делови од јаглеродни влакна, сепак секој ден ќе се произведуваат само 16-17 примероци, за да не се произведат повеќе од 3500 примероци на 4C годишно.

Race Pack е опција која морате да ја одберете.

Сакате да добиете 4C со најдобра управливост? Тогаш одберете го Race Pack кој чини околу 3600 евра. Со него ќе добиете подебели анти-рол зајакнувања напред и позади, еден број поголеми Teledial тркала (стандардните се 17  и 18-инчни) замотани во лепливи Pirelli P Zero Alfa Romeo Race гуми, потврди амортизери и спортски издув. Доколку сакате, можете да го нарачате и Luxury пакетот кој чини околу 4500 евра, со кој доаѓаат седишта обложени со кожа и алкантара, како и веќе спомнатите карбонски предни светла.

Човекот кој го разви 4C веќе има импресивно портфолио.

Одговорниот за проектот – Domenico Bangasco е горд на неговиот нов автомобил, но веќе има неколку вистински скапоцени камења во неговото портфолио. Меѓу нив ќе ги најдете 8C Competizione, 8C Spider, Fiat Barchetta и уште едно возило без серво уред – првото Fiat Punto.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.