По неколку месеци најавување, Citroen официјално го претстави новиот тркачки автомобил C-Elysée WTCC на саемот во Франкфурт.
C-Elysée WTCC е создаден за да се натпреварува во наредната сезона од Светскиот Шампионат на патнички автомобили и да привлече повеќе купувачи за стандардниот модел. Моделот има агресивна појава благодарение на карбонски преден спојлер и решетка, проширени странични крила, аеродинамични странични прагови, голем заден дифузер и масивен заден спојлер.
Силата доаѓа од 1.6-литарски четири-цилиндарски агрегат со турбополнач кој развива 380 кс и 400 Nm максимален вртежен момент. Тој ја испраќа силата преку шест-степена секвенционална трансмисија и само-блокирачки диференцијал кон предните тркала.
Позади воланот на автомобилот ќе се најдат врвните возачи Себастијан Лоеб и Иван Милер, кој претходно искажа многу пофални зборови за C-Elysée WTCC.