Audi Nanuk Quattro Concept – Спортски динамизам во нова форма! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi Nanuk Quattro Concept – Спортски динамизам во нова форма!

Audi и дизајнерите од Italdesign Giugiaro го претставија nanuk quattro концептот – револуционерен спорски автомобил придвижуван од V10 турбодизел мотор!

Концептот кој всушност е кросовер, благодарение на големиот 5-литарски V10 TDI кој развива 544 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент забрзува до 100 километри на час за само 3.8 секунди! Секако, доаѓа со quattro погон на сите четири тркала, со кој според инженерите на Audi, nanuk quattro е подготвен да покаже што знае како на тркачката патека, така и надвор од асфалтот.

Audi nanuk quattro concept

Сите 1000 Nm кои ги нуди монструозниот TDI се достапни уште од 1500 вртежи во минута, а твин-турбо моторот е контролиран од Audi Valveshift System (AVS). Како што напоменавме, потребни се само 3.8 секунди додека да стигнат 100 километри на час, а максималната брзина е 305 километри на час. Иновативните системи за управување со ладењето на автомобилот, како и без-степенски регулираната пумпа за гориво придонесуваат 1900 килограми тешкиот автомобил да троши само 7.8 литри гориво на 100 изминати километри.

Автомобилот е поставен на запрепастувачки големи 22-инчни фелни, додека системот за регулација на висината му овозможува на возачот да избере три режими – нормален, 30 милиметри понизок режим или 40 милиметри повисок режим на суспензијата. Дополнително, и задните тркала по потреба ја менуваат насоката, па на пониски брзини можат да се завртат и до 9 степени спротивно од насоката на предните тркала, а на повисоки брзини до 2.5 степени во истата насока како предните тркала.

Audi nanuk quattro concept

Секако, дизајнот е футуристички, аглест и агресивен, а за изработка се користени егзотични и модерни материјали. Мобилните телефони ќе можат да се полнат безжично внатре во автомобилот, а ентериерот нуди спортски дух и максимално напредни решенија кога станува збор за командите и контролите.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.