Концептот со кој Lexus ќе се бори да го освои вниманието на посетителите на саемот во Франкфурт е кросовер со името LF-NX.
Единствениот збор кој можеме да го одбереме за да го опишеме дизајнот на овој концепт е вонземски. Со овој концепт, луксузниот огранок на Toyota ќе ги мери реакциите на купувачите и ќе одлучи дали да понуди компактен кросовер кој би било конкурент на Audi Q3, Mercedes-Benz GLK и BMW X3.
Според Lexus, новиот LF-NX е продолжување на нивниот дизајнерски јазик кој го нарекуваат L-Finesse и во него може да се забележат детали од новиот IS спортски седан, но волку агресивен и храбар дизајн е вистинска реткост, дури и кај концептите.
Lexus не објавува никакви детали околу погонот на овој концепт, но познавајќи го брендот можеме да претпоставиме дека ќе се работи за хибриден агрегат.