Специјални Abarth 595 верзии во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Специјални Abarth 595 верзии во Франкфурт

Fiat ќе претстави две нови специјални верзии од нивниот 500 Abarth 595 на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Првата специјална изведба од најсилниот 500 Abarth ја слави 50 годишнината излегувањето на оргиналниот Abarth 595 продажба. Моделот ќе биде ограничен на 299 примероци и ќе се одликува со ознаки во ретро стил. Автомобилот ќе може да се нарача од 15-ти Септември, точно 50 години по презентацијата на првиот 595.

130902_AB_Maserati_02

Вториот модел е нова изведба од Abarth 695 Maserati Edition, обоен во ‘Record Grey’ боја. Ќе се произведат само 49 примероци, како потсетник за основањето на брендот Abarth во 1949.

Двата модели ќе бидат погонувани од 1.4-литарски T-Jet агрегат со 180 кс, усогласен со Abarth Competizione менувач.

Италијанскиот бренд ќе прикаже и уште една верзија од моделот 695 Asseto Corse во шема на бои создадена од Facebook заедницата на Abarth.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.