Прикажанa новата генерација на Hyundai i10 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прикажанa новата генерација на Hyundai i10

Hyundai штотуку го претстави изгледот на новата генерација на нивниот најмал модел наречен i10, еден месец пред неговата премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Новиот i10 е поставен на нова платформа, благодарение на која е 80mm подолг, 65mm поширок и 50mm понизок, додека неговото меѓуоскино растојание е 5mm подолго од неговиот претходник. Корејскиот бренд тврди дека ова му овозможува на моделот подобри возни својства и најголем простор во кабината и багажникот.

i10-new-28

На почетокот ќе се нудат само два бензински мотори. Првиот е 1.0-литарски три-цилиндарски мотор кој произведува 68 кс, додека вториот е 1.25-литарски четири-цилиндарски агрегат кој произведува 86 кс.

Автомобилот е целосно дизајниран во Европа, ќе се произведува во фабриката на Hyundai во Турција, а неговата продажба ќе започне во Ноември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.