full screen background image
Search

Највозрасниот возач во Македонија ќе вози Mercedes-Benz B-Class!

Господин Трајан Јанакиевски со своите 90 години е највозрасниот активен возач во Македонија. Тој неодамна реши да се поднови со нов модел од гамата на Mercedes-Benz!

За тоа како г-нот Трајан се одлучи да купи нов Мерцедес, раскажува неговиот син, Предраг:

„За 89-тиот роденден го изненадивме татко ми со подарокот на iPad, потоа следеше iPhone 5, MacBook Pro па и iPad Mini! Секојдневно чита, ги следи технолошките новини, и постојано прашува. Но, пред неколку месеци се јави татко ми соопштувајќи дека има два проекти за оваа година – да му помогнеме околу изборот на поголем и посовремен ЛЕД телевизор и да ја купи новата Mercedes Б класа!“. И двата проекти беа успешно реализирани. Г-н Трајан избра бел Mercedes-Benz Б класа, со автоматски 7-степен менувач.

При продолжувањето на возачката дозвола и при регистрацијата на новиот автомобил, вработените со недоверие ја проверувале точноста на матичниот број зошто според истиот, возачот би требало да има 100, не, 90 години?! Со насмевка, синот одговорил „не е грешка, ја имате личната карта на возачот еве го до мене и, ете, има 90 години“. Вработените не ја криеа восхитта од оваа несекојдневна случка.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

При преземањето на новиот автомобил од салонот на Мак Аутостар во Скопје, дојдоа неколку најблиски роднини, сите со автомобили Mercedes! Пред салонот се наредија олд тајмери од 1953 и 1975 и понови модели со кои сопствениците се гордеат. Чичко Трајан, на заминување рече дека ваквиот собир бил изненадување кое многу му значи, додавајќи дека само сака да беше барем 10-тина години помлад.

Поврзано:   Mercedes го претстави W12 болидот за F1 2021!

На заминување кога го прашавме кој е неговиот рецепт на животниот успех, тој одговори: „Tоа е балансот меѓу скромноста и амбицијата, одговорноста и дисциплината, каде спаѓаат исхраната и физичка и умствена активност“.

Чичко Трајан, 90-годишниот возач, со својствена шармантна насмевка влезе во својот нов Mercedes и замина кон својот следен проект. Toj е пензиониран инженер-технолог, еден од основоположниците на две значајни фабрики, во Прилеп и во Скопје, раководител и советник при Организацијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.