Утринска Гимнастика: Волшебните раце на Honda – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Волшебните раце на Honda

Јапонскиот бренд објави извонредно рекламно видео, кое прикажува голем дел од нивните позначајни производи кои излегле од нивните фабрики во минатите 65 години, преку рацете на еден илузионист.

Во видеото, преку поглед во прво лице, рацете на илузионистот претвараат намалени верзии на агрегати, моторцикли, косилки, чамци,  автомобили и авиони, од едно во друго. Сепак, она што многумина нема да го заебележат е дека музиката во делот кај NSX е од Бразилската химна, додека регистарската табличка е истата која ја носеше автомобилот на Аиртон Сена.

Погледнете го видеото и уживајте во него!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.