Минатата недела, Kia го искористи автомобилскиот саем во Њу Јорк за да ја претстави втората генерација на Soul.
Покрај тоа што го задржал карактеристичниот профил, новиот Soul не е само освежување на моделот лансиран во 2009, туку целосно нов автомобил кој вози на нова платформа, поцврста за 28.7% од претходно. Втората генерација на Soul е дизајнирана во студиото на Kia во Калифорнија, а како главна инспирација за неговиот дизајн е Track’ster концептот претставен на саемот во Чикаго.
Споредено со досегашниот модел, меѓуоскиното растојание пораснало за 20mm, поширок е за 15mm, додека височината останала иста. Ова значи значително поголем простор за патниците во внатрешноста. Ќе се нуди со три различни нивоа на опрема: Base Soul, Soul Plus и Soul Exclaim и седум нови бои на каросеријата.
Основната верзија Base ќе ја погонува 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо бензинец со 130 кс и 160 Nm вртежен момент. Верзиите Plus и Exclaim ќе бидат опремени со 2.0-литарски турбо бензинец со 164 кс и 205 Nm. Base и Plus ќе бидат усогласени со шест-степен рачен или опционален шест-степен автоматски менувач, додека Exclaim ќе биде во понуда само со автоматска трансмисија.
Новата шасија има пониско тежиште и подобрена торзионална цврстина. Распоредот на суспензијата е ист како претходно, со McPherson напред и торзиона оска позади, но е темелно изменета за подобро управување и управувачката кутија е поместена наназад за подобро чувство.