Јапонскиот производител го претстави новиот SX4 во Женева, за кој велат дека по барање на купувачите сега е една класа поголем.
Сегашниот SX4 е развиен во соработка со Fiat, и иако новиот SX4 требаше да биде директна замена на сегашниот модел, од Suzuki изјавуваат дека по барање на купувачите на кои им е потребен поголем автомобил, сега SX4 оди една класа погоре, односно од B во C сегментот. Со 4300 mm должина, 1765 mm ширина и 1565 mm висина, новиот SX4 е значително поголем.
Во него ќе се вградуваат два мотори, и двата со зафатнина од 1.6 литри. Едниот е бензински, а другиот дизел. Во бензинецот ќе се вградува 5-степен мануелен менувач, а во дизелот 6-степен мануелен менувач. Менувач со континуирано варијабилна трансмисија (CVT) ќе биде опција и на двата автомобили.