Aston Martin Rapide Shooting Brake by Bertone – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin Rapide Shooting Brake by Bertone

Дизајнерската куќа Bertone го објави концептот Aston Martin Rapide Shooting Brake, кој ќе дебитира наредната недела во Женева.

Концептот е наречен Jet 2+2 и е направен да ја прослави шеесет годишната соработка помеѓу двете компании. Тој е наследник на Jet 2 концептот од 2004-та, кој претставуваше Shooting Brake верзија на Vanquish. Покрај промената на стилот на каросеријата, концептот има исти димензии и механика како стандардниот Rapide.

Што се однесува до дизајнот, Ц-столбовите се благо навалени нанапред за да се добие чувство на движење дури и кога автомобилот стои во место. На задниот дел се забележуваат остро закосена задна врата и нова светлосна група која наликува како да е преземена од суперавтомобилот One-77.

Кабината има распоред на седење 2+2 со посебни седишта, а благодарение на новиот стил на каросеријата на задната клупа можат да се сместат и повисоки патници. Задните седишта можат да се преклопат за да се зголеми товарниот простор, а елементите од алуминиум, дрво и двобојна кожа го прават попривлечен од стандардната верзија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.