Новата Skoda Octavia Combi – Сон за секое семејство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Skoda Octavia Combi – Сон за секое семејство!

Skoda ја претстави караван верзијата од новата Octavia, која ќе биде прикажана заедно со 4х4 варијантата во Женева наредниот месец.

Неколку месеци по претставувањето на конвенционалната седан изведба, Skoda сега ни ја прикажува попрактичната Combi верзија. Спореден со неговиот претходник, караванот е за 45mm поширок и 90mm подолг со 11cm подолго меѓуоскино растојание.

Благодарение на зголемените димензии, автомобилот сега нуди дополнителни 73mm простор за нозете на задната клупа и 610 литри багажен простор со исправени седишта, што претставува нов рекорд во класата. Кога ќе се спуштат седиштата, волуменот на багажниот простор се зголемува на 1740 литри. Совозачкото седиште исто така може да се преклопи, што овозможува полесен транспорт на подолги предмети.

Палетата на мотори најверојатно ќе биде преземена од седанот, додека 4х4 варијантата ќе ја користи петтата генерација на Haldex системот за погон на сите тркала, претставен на Golf VII 4Motion.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.