Gullwing America претстави дигитални скици од нивниот иден автомобил, кој претставува редизајниран Mercedes-Benz SLS Roadster во ретро стил.
Анонимен купувач од Источна Европа нарачал специјален автомобил базиран на SLS AMG Roadster. Дизајнот на рачно изработената алуминиумска каросерија ќе биде инспириран од Mercedes-Benz 300 SC од 1995-та година, кој беше произведен во само 92 примероци.
Како што може да се види на фотографиите, автомобилот ќе претрпи поголеми измени. На автомобилот се забележуваат масивна Mercedes-ова решетка во стил на старите модели, нови долгнавести LED предни светлосни групи, набабрени поклопци на тркалата, прилагодлива суспензија и отклонлив тврд покрив. GWA ќе биде опремен со 21-инчни напред и 22-инчни алуминиумски фелни позади, обвиени во Continental пневматици.