BRABUS B25 – Полициски тјунинг на Mercedes-Benz А класа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BRABUS B25 – Полициски тјунинг на Mercedes-Benz А класа

Најпознатиот тјунер на Германскиот бренд претстави полициска верзија од новата А-класа на овогодишниот тјунинг саем во Есен, Германија.

BRABUS B25 е тјуниран на темата “TUNE IT! SAFE!”, што во превод значи тјунирајте безбедно. Покрај тоа што изгледа совршено нашминкано, возилото претставува перфектен пример за безбеден и легален тјунинг, баш според вкусот на полицијата.

Проектот е базиран на Mercedes-Benz A 250 BlueEfficiency и располага со 2-литарски турбо-бензински агрегат со 245 кс и 385 Nm максимален вртежен момент. Неговата максимална брзина изнесува 250 км/ч, а забрзувањето од 0-100 км/ч трае 6.2 секунди, додека просечната потрошувачка се движи околу 6.1 литри на 100 километри.

Направени се неколку перформансни и помалку естетски модификации. Додадени се спортски пружини, кровен заден спојлер, преден сплитер, заден дифузер, плус спортски издувен систем и нови алуминиумски 19-инчни фелни обвиени во гуми со профил 235/35-19XL.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.