Први фотографии: Maserati Quattroporte – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии: Maserati Quattroporte

Maserati официјално ги претстави првите фотографии од најновата генерација на својот елегантен а воедно и спортски седан. За прв пат во живо ќе имаме можност да го видиме на саемот во Детроит, а до тогаш ќе се задоволиме со овие фотографии.

Италијанците со претставувањето на првите фотографии не открија ништо повеќе за нивниот највлијателен автомобил, конкурентот на BMW Series 7, Mercedes-Benz S Class и на Jaguar XJ.

Иако сеуште не располагаме со официјали податоци, првиот поглед кон Quattroporte ни кажува дека сега е подолг од својот претходник, додека дизајнот е елегантен а воедно и спортски. Ретко кој производител може да се пофали со ваков дизајн!

Како што изјави и шефот на дизјан во Maserati – Lorenzo Ramaciotti, дизајнот го следи оној препознатлив стил на Италијанците – чисти и динамични линии збогатени со Италијанската елеганција.

Новата генерација на Quattroporte освен што ќе биде подолга, се очекува да биде и полесна – благодарение на повеќето делови кои се направени од алуминиум.

Ентериерот пак е приказна за себе – минималистичкиот дизајн, премиум деталите и квалитетните материјали го прават можеби најдобар ентериер во однос на своите конкуренти.

Maserati Quattroporte како што кажавме ќе биде претставен на саемот во Детроит на почетокот на наредната година, а дотогаш уживајте во фотографиите.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.