RevoZport Mini Targa Raze – Малечок уличен тркач – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RevoZport Mini Targa Raze – Малечок уличен тркач

RevoZport го претстави новиот тјунинг пакет, составен од аеродинамички и перформансни надоградби за новите Mini Coupe и Roadster.

RevoZport се здружија со TARGA Racing и го создадоа пакетот кој нуди подобрувања на перформансите, но и аеродинамички компоненти направени од јаглеродни влакна. Благодарение на овој пакет, малото и спортско Mini се претвори во вистински уличен тркач кој тежи 30 килограми помалку и има зголемена сила од 181 кс на вртоглави 250 кс.

Аеродинамичките компоненти го прошируваат трагот на тркалата за 15 mm напред и позади. Комплетниот пакет се состои од 23 делови вклучувајќи комплетен преден браник со интегрирадни LED дневни светла, лесен карбонски поклопец на моторот, заден браник со интегрирани хромирани издувни цевки и LED светла, странични прагови со отвори за воздух, проширени предни и задни лакови на крилата, преден спојлер на браникот и целосен карбонски кровен панел.

Зголемувањето на перформансите е достигнато со употреба на титаниумски издувен систем кој тежи само 5 килограми, специјално прилагодување на компјутерската единица, карбонска цевка за вшмукување воздух, поголем интеркулер и нова брегаста оска.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.