Bentley се враќа на тркачките патеки со Continental GT3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bentley се враќа на тркачките патеки со Continental GT3

Британскиот производител планира да се врати на тркачките патеки со Continental GT3, за прв пат по скоро цела декада откако ја освои последната шестта победа во Ле Ман во 2003.

Bentley објави дека конечната тркачка верзија од моделот базиран на Continental GT Speed е во развој во нивната фабрика, а планираат да настапат на тркачките патеки при крајот на 2013. Автомобилот има подобрена аеродинамика благодарение на новиот преден сплитер и заден дифузер направени од јаглеродни влакна, како и големиот заден дифузер за дополнителен аеродинамички притисок.

Компанијата не објави официјални спецификации, но спомна дека автомобилот ќе биде со погон на задните тркала, наместо погон на сите тркала како кај стандардниот модел и ќе биде погонуван од тјунирана верзија на W12 агрегатот, кој се наоѓа под поклопецот на GT Speed, засилен со турбополнач.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.