Освежување за Peugeot RCZ Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежување за Peugeot RCZ Coupe

Две години по неговото лансирање на пазарот, Peugeot објави фотографии од подмладената верзија на RCZ Coupe.

Освежувањето носи промени во стајлингот, така што предниот дел е редизајниран според новата дизајнерска насока на Peugeot. Формата на предните светла е дискретно изменета, но сега тие располагаат со LED технологија.

Дизајнерите на Peugeot исто така го замениле постариот знак со темна позадина со нов, додека на автомобилот на фотографиите може да се забележат и ново-дизајнирани тркала.

Најверојатно Францускиот автомобилски производител направил некои промени во ентериерот и можеби под поклопецот, но за тоа ќе имаме подетални информации во претстојните денови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.