Alfa Romeo подготвува 4C Spider – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo подготвува 4C Spider

Според неодамнешен извештај, од многу очекуваниот Alfa Romeo 4C ќе произлезе и кабриолет верзија.

Моделот ќе биде лансиран една година откога купето ќе започне со продажба во 2014. Што се однесува до цената, нема сомнеж дека ќе биде повисока од цената на купето која ќе изнесува 45,000 евра.

Alfa Romeo 4C ќе располага со ултра лесна каросерија од 900 килограми и четири-цилиндричен 1.750-литарски TBI турбо мотор кој испорачува 300 кс. Овој агрегат во комбинација со автоматскиот менувач со дупла спојка ќе му овозможи забрзување од 0-100 км/ч за 4.5 секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.