Mitsubishi на Салонот во Женева ја прикажа новата генерација на Outlander, а најави дека на Салонот во Париз, поточно на 27 септември ќе ја прикаже неговата хибридна верзија!
Хибридот всушност ќе биде комбинација на бензински мотор, два електромотора и погон на сите четири тркала, а ќе биде овозможено и возење само на електричниот погон. Првичните најави кажуваат дека Outlander Plug-In Hybrid ќе има автономија од околу 800 km, а емисијата на штетни гасови треба да биде намалена на под 50 грама CO2 по километар.
Наскоро очекуваме подетални информации за овој модел чија продажба е веќе закажана за идната година!