Smart можеби не ја зголемува понудата на автомобили, но затоа се грижи популарниот ForTwo да има што повеќе верзии. Најнова е Iceshine верзијата!
Iceshine верзијата е достапна како купе или кабриолетска изведба, а изборот паѓа на две бои, бела и светло сина. Белите 15-инчни бандажи се највпечатливиот дел кај Iceshine, заедно со новите LED дневни светла и нормално неизбежниот дел е ознаката Iceshine.
Внатрешноста е исто така двобојна, а таму се наоѓаат сега спортскиот волан и белите детали. Опремата е збогатено со клима уред, електрични прозорци и панорамски покрив кај купе верзијата.
Под хаубата достапни се две верзии на трицилиндричниот 1.0 литарски бензинец, обичната верзија со 70 КС како и неговата турбо изведба која нуди 83 КС.
Цените на Smart ForTwo Iceshine почнуваат од 14.500 евра, а производството е лимитирано на 1.800 примероци.