Секогаш кога ќе се спомне името на Zagato, ние будно гледаме што се случува, затоа што Италијанските дизајнери од оваа голема куќа секогаш нудат нешто различно и примамливо!
Може да се каже дека ниту една автомобилска изложба не е толку гламурозна како Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Се одржува секоја година на живописните брегови на езерото Como во северна Италија и е спонзорирана од BMW. Па поради таа причина Баварскиот производител не би си дозволил ова шоу да помине без некоја нивна промоција.
Оваа година тие се здружија со прославениот изработувач на каросерии Zagato за да го оживеат концептот кој го гледаме овде. BMW Zagato Coupe е единствен концепт, но е далеку од само изложбен автомобил. Неговата форма е аеродинамички усовршена и автомобилот е комплетно регистриран во Германија, а исто така веќе ги има успешно поминато високо брзинските тестирања во тест фабриката на BMW.
Главниот дизајнер на Zagato – Horikiro Harada – изјави дека BMW Zagato Coupe за него е посебно магичен автомобил. Според него, спонтаноста која ја претставува, во комбинација со уникатните решенија типични за Zagato му даваат на автомобилот индивидуална елеганција.
BMW Zagato Coupe е направен на база од BMW Z4 xDrive35is, а под поклопецот се наоѓа 3.0-литарски бензинец со 340 коњски сили. Покрај карактеристичниот Zagato ‘Double Bubble’ кров, овој автомобил го карактеризираат и бројни Zagato ознаки, алуминиумски бандажи со пет краци во големина од 19 инчи, ‘Rosso Vivace’ боја, Z лого на наслоните за глава, целосно променети променет заден и преден дел, но и уникатниот Италијански пристап кон дизајнот.
Засега, BMW Zagato Coupe е само уникат и нема планови за негово производство, но ние искрено се надеваме дека барем лимитирано производство на овој интересен спортски автомобил ќе ја здогледа светлината на денот. Ајде BMW, направете го тоа!