MG (буквално) ја зголемува понудата во Македонија со плаг-ин хибридниот S9! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MG (буквално) ја зголемува понудата во Македонија со плаг-ин хибридниот S9!

MG во своето портфолио додава огромен SUV со 7 седишта и плаг-ин хибриден погон со 299 коњски сили!

Кажете му добредојде на големиот MG S9. MG S9 го користи плаг-ин хибридниот погон кој веќе се вградува во MG HS – а тоа значи 1.5-литарски турбо-бензинец, електромотор и голема (за плаг-ин хибрид) батерија со капацитет од 23.2 kWh. Сето тоа значи вкупна системска моќ од 299 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, но и автономија до 100 километри на струја.

И сето тоа е навистина интересно, бидејќи S9 е голем, плаг-ин хибриден SUV каде семејната практичност е на прво место.

S9 може да се добие во комбинација со 5 или 7 седишта, а од MG гордо кажуваат дека дури и кога третиот ред е во функција, багажникот е со капацитет од 322 литри, односно дури 1000 литри кога третиот ред не е во функција.

Инаку, на прв контакт S9 делува импозантно и самоуверено. Нема бегање од димензиите – S9 е долг безмалку 5 метри. Кабината е просторна и комфорна и ги има сите современи технологии кои се очекуваат од еден ваков автомобили.

Најавено ни е дека наскоро ќе го добиеме и на тест, но во меѓувреме – фотографии, а за повеќе информации посетете го салонот на MG во Скопје или ѕирнете ја официјалната веб-страница.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.