Моделот кој е сега веќе 9 години на пазарот, ја доби својата прва ревизија во 2022 година.
На предниот дел, освежениот XC40 добива нови светла, поелегантна маска и нова хауба, додека на задниот дел се забележуваат ажурираните задни светла.
Најголемата промена во внатрешноста е новиот благо закосен 11,2-инчен екран на допир, кој работи на најновиот оперативен систем на брендот со интегрирана Google Gemini AI технологија.
Во поглед на безбедноста, се издвојува подобрениот систем со надворешни камери, каде што опционалната камера од 360 степени сега нуди тро-димензионален приказ за полесно маневрирање во тесни паркинг места.
Возилото добива и систем за предупредување при отворање врата, кој ги известува патниците за потенцијални опасности, додека надградениот Pilot Assist систем сега има и функција за автоматско менување ленти.
Под хаубата, XC40 добива унапреден 2-литарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор кој во комбинација со благиот хибриден систем испорачува моќност од 251 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.
Освежениот XC40 ќе се може да се најде во продажните салони во почетокот на 2027 година, додека производството започнува уште оваа есен.



















