Во салонот на Geely пристигна плаг-ин хибридниот Starray EM-i! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Geely пристигна плаг-ин хибридниот Starray EM-i!

Плаг-ин хибридниот Starray EM-i може да помине повеќе од 80 километри пред да треба да се активира бензинецот!

Во салонот на Geely во Скопје пристигна плаг-ин хибридниот Starray EM-i. Да, личи многу на целосно-електричниот EX5 (со кој ја дели и платформата и повеќето од технологиите), но Geely одлучи да му го даде името Starray EM-i за да го издвои од целосно-електричниот EX5 и да наметне во кој сегмент ќе се натпреварува.

Основа за плаг-ин хибридниот погон е 1.5-литарски бензинец со четири цилиндри кој испорачува 100 коњски сили, а соработува со батерија со капацитет од 18.4 kWh и електромотор кој испорачува дополнителни 215 коњски сили и 262 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат авономија на струја до 83 километри. Вкупната автономија е безмалку 950 километри, а Geely ветува забрзување до 100 километри на час за 8.1 секунда.

Секако, бидејќи се работи за Geely, можеме да очекуваме и многу, многу опрема. Од седиштата кои се обвиени во кожа, па сè до премиум аудио уредот и многуте други играчки. Плус да напоменеме дека седиштата се со загревање и вентилација. Плус, како што можете да видите, ентериерот е темелно дигитализиран, а бидејќи Geely во своето портфолио го има и Volvo, Starray EM-i ги има сите најсовремени системи за безбедност – всушност, Starray EM-i веќе ги помина тестовите на EuroNCAP каде освои максимални пет ѕвездички.

Новиот плаг-ин хибриден SUV на Geely наскоро ќе пристигне и на тест, а во меѓувреме посетете го салонот на Geely или погледнете ја официјалната веб-страница на Starray EM-i. Во моментот на објавување во тек е роденденската акција на Geely во Македонија па можете да добиете попуст и до 5000 Евра. ;)

Поврзано:  Delfino Mobility Group со GEELY и SIXT станува партнер на РК Вардар!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.