Концептот го задржува компактниот дизајн што го дефинираше оригиналниот Copen од 2002 година.
Daihatsu потврди дека новиот модел ќе користи мотор со внатрешно согорување и насптори досегашните модели, ќе доаѓа со погон на задните тркала.
Визуелно, концептот е јасно инспириран од оригиналниот Copen со јасен ретро-модерен дизајн. Предниот дел има овални фарови и поагресивен браник додека внатрешноста е минималистичка, со заоблена дигитална инструмент табла.
Од Daihatsu велат дека новиот модел останува верен на целта на Copen да понуди “возбудување што само kei car може да го даде”.
Производството на тековниот модел ќе заврши во август следната година, па останува да веруваме дека концептот ќе прерасне во реалност брзо после тоа.












