Garagisti & Co GP1 е нов V12 суперавтомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Garagisti & Co GP1 е нов V12 суперавтомобил!

Garagisti & Co ја претставуваат својата визија за алтернативна иднина со својот прв суперавтомобил GP1.

Името „Garagisti“ потекнува од подбив кој Enzo Ferrari го користел за британските F1 тимови во 1950-тите, чии иновации ги носеле до доминација над Scuderia Ferrari. Сега, Garagisti & Co се обидуваат да го повторат тој подвиг, но во светот на суперавтомобилите.

Автомобилот има класична силуета со клинест профил, кој заедно со огромниот заден дифузер и четирите издувни цевки создаваат моќен визуелен ефект.

Главната атракција на GP1 е целосно новиот 6,6-литарски V12 мотор. Toj e развиен од Italtecnica и врти до 9000 пати во минута. Овој целосно механички агрегат развива 800 коњски сили и 700Nm вртежен момент и истиот е споен со мануелен 6-степен менувач изработен од Xtrac.

Внатрешноста е минималистичка, аналогна и без големи дигитални екрани бидејќи акцентот е ставен стриктно на релација помеѓу човекот и машината.

Производството ќе биде ограничено на само 25 автомобили, а првите 12 купувачи ќе добијат посебен пристап и шанса да учествуваат во развојот на автомобилот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!