Delfino Mobility Group со GEELY и SIXT станува партнер на РК Вардар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Delfino Mobility Group со GEELY и SIXT станува партнер на РК Вардар!

РК Вардар како двократен европски шампион и на чекор до рекордната 16 титула на Македонија, добива поддршка за новите предизвици. Delfino Mobility Group, преку брендовите GEELY и SIXT, официјално станаа мобилити спонзор на „црвено-црните“, во партнерство што носи дополнителна стабилност и силен импулс кон нови домашни, регионални и европски успеси.

РК Вардар повторно е на врвот на македонскиот ракомет, јасно го поставува својот фокус, враќање на европскиот ракометен врв и нови големи успеси на меѓународната сцена. Клубот е пред освојување на двојната круна во Македонија и се наоѓа меу 8-те најдобри екипи во Лига Европа.

Како регионален лидер со повеќе од 30 години присуство на пазарот, Delfino Mobility Group континуирано инвестира во развој, мобилност и општествено одговорни иницијативи, меѓу кои спортот зазема значајно место.

„Драго ми е што со Delfino Mobility Group потпишуваме соработка, и верувам дека истата ќе ја продлабочиме во иднина на взаемно задоволство. Ова е првпат да имаме ваков партнер, и сакам да им се заблагодарам што во нас препознаа соработник за заеднички успеси“ – изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар.

Со ова партнерство, логото на Delfino Mobility Group, заедно со GEELY и SIXT, ќе биде дел од опремата на тимот во периодот што следи, како симбол на поддршка и заедничка визија за успех.

„Голема чест е да се биде дел од приказната на РК Вардар, клуб со победнички дух и силен идентитет. Како компанија која повеќе од 30 години е присутна на регионалниот пазар, веруваме во вложување во вредности што обединуваат, а спортот е токму тоа. Преку GEELY и SIXT ќе обезбедиме сигурна мобилност и поддршка, со цел тимот да остане фокусиран на нови победи“ – изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.

Договорот за соработка стапува на сила веднаш и е предвиден да трае до крајот на сезоната 2029, со јасна цел заеднички успеси, стабилност и нови спортски достигнувања и трофеи.

Поврзано:  Во салонот на Geely пристигна плаг-ин хибридниот Starray EM-i!

Со поддршката од GEELY и SIXT, Delfino Mobility Group ќе обезбеди мобилност и логистичка поддршка за клубот, придонесувајќи кон неговата секојдневна функционалност и подготовка за предизвиците што следат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.