Mercedes 280SE со AMG V8 е малку поинаков рестомод – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes 280SE со AMG V8 е малку поинаков рестомод

Retro Designs од Калифорнија го телепортираа легендарното купе од 1969 година во 21 век.

Модернизацијата започнува под предниот поклолец. Оригиналниот 2.8-литарски мотор е пензиониран а на неговото место е сместен 5.4-литарски AMG V8 со 640 коњски сили.

Шасијата е тотално нова и доаѓа со целосно ревидирана геометрија на суспензијата и модерни Brembo сопирачки, кои се кријат зад поголеми тркала кои го задржуваат ретро дизајнот.

Екстериерот го задржува стариот дизајн со долгите линии, хромираните детали, класичната решетка и кружните светла.

Во кабината се комбинирани луксузни материјали – кожа, дрво и алакантра и модерни дополнувања како дигитални инструменти за инфозабава. Но и тие се во ретро стил за да не се наруши хармонијата на ентериерот.

Проектот е уникатен и инспириран од калифорниските рестомод трендови, каде автомобилите од минатиот век добиваат нов и модерен живот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!