„Тоа е скапо хоби“ – Lamborghini крена раце од своето прво електрично возило. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Тоа е скапо хоби“ – Lamborghini крена раце од своето прво електрично возило.

Три години откако го претстави електричниот кој требаше да прерасне во првиот електричен автомобил на брендот, Lamborghini и официјално се откажа од идејата. 

Пред три години Lamborghini ни го покажа концептот Lanzador. Иако го најави само како концепт, Lanzador беше најава за електричната иднина на Lamborghini, а планот беше сериската верзија да пристигне на пазарот во 2028 (еј, па тоа е за само две години од сега!).

Но ако премотаме до денес, од Lamborghini пристигнуваат сосем спротивни изјави.

„Да инвестираме во целосен развој на електрично возило во момент кога ниту пазарот ниту купувачите не се подготвени, би било само скапо хоби и финансиска неодговорност кон нашите акционери, купувачи, вработени и нивните фамилии.“ – изјави Stephan Winkelmann во интервју за The Sunday Times. Тој додаде и дека интересот за Lamborghini без V8 или V12 е „блиску до нула“. Ставот на Winkelmann е дека електричните возила не можат да ја испорачаат „емотивната врска“ која ја има автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Но Lanzador не е мртов. Напротив – серискиот автомобил ќе пристигне, но ќе биде придвижуван од плаг-ин хибриден погон кој ќе користи моќен бензински мотор. Интересно е и што Lanzador нема да биде замена за Urus, туку и двата модели ќе постојат и понатаму – а и следниот Urus ќе биде плаг-ин хибриден.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.