EV2 е компактен електричен SUV со сите нови технологии на Kia, а кога ќе пристигне на пазарот би требало да чини помалку од 30.000 Евра.
Во хиерархијата на Kia, EV2 ќе биде најдостапниот електричен автомобил. Но што значи тоа? Според најавите, треба да чини околу (односно и помалку од) 30.000 Евра.
Ќе се нудат две конфигурации – едната со батерија со капацитет од 42.2 kWh и електромотор со моќност од 147 коњски сили, а втората (која ќе пристигне малку покасно, заедно со GT-Line верзијата) со батерија со капацитет од 61 kWh. Со помалата батерија се најавува автономија до 317 километри, додека со поголемата до 448 километри. Сега за сега не се најавува дали поголемата батерија ќе добие и помоќен електромотор, но без оглед на изборот, електромоторот ќе ги придвижува само предните тркала.
Инаку, дизајнот е во тек со тековните дизајнерски насоки на бредот – а тоа значи чисти форми и футуристички дизајн. Ни се допаѓаат исфрлените крила и самоуверениот став, но останува да го видиме новото електрично возило на Kia во живо.
Kia ветува и многу простор во кабината (пред сè благодарение на флексибилноста која ја овозможува електричната платформа) и импресивно голем багажник. EV2 ќе добие и технологии директно од поголемите браќа и сестри во понудата на Kia – надградби преку интернет, дигитален клуч, дигитални инструменти, цела лепеза на системи за безбедност и асистенција, итн.
На самиот крај, вреди да се напомене дека EV2 е автомобил дизајниран во Европа, наменет за Европа и ќе се произведува во Европа – поточно во фабриката на Kia во Словачка.
















